ШТО Е ГРИЗ И КОИ СЕ НЕГОВИТЕ ПРИДОБИВКИ? Дали е поздрав пченичниот или пченкарниот гриз?

Пченичниот гриз содржи глутен, додека пченкарниот гриз (палента) воопшто не го содржи, поради што е подобар избор за луѓе со нетолеранција на глутен или целијакија. Кога станува збор за нутритивниот состав, пченичниот има повеќе протеини, малку повеќе влакна и побогат е со минерали, особено железо и магнезиум…

61

Гризот е крупно мелено брашно кое најчесто се добива од тврда пченица (durum), но постои и пченкарен гриз како честа алтернатива. И двата видови гриз имаат важна улога во исхраната, но се разликуваат по составот и здравствените ефекти.

Пченичен гриз и неговата хранлива вредност






Гризот од тврда пченица се користи низ целиот свет за подготовка на леб, тестенини и каша. Има карактеристична златна боја и блага арома на јаткасти плодови. Покрај кулинарските примени, може да придонесе за контрола на телесната тежина, здравје на срцето и варењето.
Збогатениот пченичен гриз содржи важни витамини и минерали кои делумно се губат за време на преработката. Порција од околу 60 г неварен гриз содржи:

околу 198 калории
40 г јаглехидрати
7 г протеини
помалку од 1 г масти
влакна (околу 7 проценти од дневните потреби)
витамини од групата Б (тиамин, фолна киселина, рибофлавин)
железо и магнезиум.

Високата содржина на протеини и влакна го забавува варењето на храната и го продолжува чувството на ситост.

Повеќе за здравствените придобивки од пченичниот и пченкарниот гриз и разликите помеѓу нив, прочитајхте на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини