📽️ „БИБЛИСКИОТ ЕРМИНИО“ ЈА ПОПЛАВИ ГРЦИЈА Торнадо преврте камион, паѓаа далноводи, имаше 133 СОС повици

Циклонот „Ерминио“ предизвика поплави, силни ветрови и хаос низ Грција, додека торнадо преврте камион и службите интервенираат на десетици критични точки низ земјата.

384

Грција се дави под ударот на циклонот „Ерминио“. Дожд, ветрови и поплави ја парализираа земјата. Улици се претворија во реки, а сообраќајот запре. Училиштата се затворени.

Силниот систем донесе и сахарска прашина. Таа дополнително ја влоши состојбата, особено на Крит и на Кикладите. Во Атина властите апелираат на претпазливост. Граѓаните ги ограничуваат движењата. Пожарникарите веќе бележат десетици интервенции.






Торнадо преврти камион

Во Пахија Амос, моќно торнадо превртело камион. Возилото требало да товари земјоделски производи. Ова е четврти ваков инцидент годинава. Ветровите не попуштаат.

Рибарите алармираат дека пристаништето е небезбедно, додека граѓаните го избегнуваат крајбрежјето.

Улици како реки, 133 повици за помош

Порос и Спата се под вода. Улиците личат на диви водопади. Сообраќајот е целосно прекинат.

Во Атина, противпожарната служба примила 133 повици. Интервенциите вклучуваат сечење дрвја, отстранување предмети и испумпување вода. Дрвја паѓале врз далноводи и автомобили.

Африканска прашина ја гуши земјата

Крит е покриен со густа сахарска прашина. Истовремено врнат силни дождови. Патишта се затворени. Сообраќајот е во прекин. Слична е состојбата и на Кикладите. Властите се во состојба на готовност поради ризик од поплави и лизгање на земјиште.

Заменик-градоначалникот на Родос, Михалис Томатос, изјави:

– Механизмите за цивилна заштита, противпожарната служба и волонтерите се целосно ангажирани и веднаш реагираат на сите проблеми.

Ветровите таму достигнале над 100 км/ч. Сепак, избегнати се поголеми штети.

Невремето не запира, следуваат нови удари

Метеоролозите предупредуваат на нов бран невреме. Најпогодени ќе бидат Атика, Пелопонез, Крит и Додеканезите. Се очекуваат поројни дождови и грмотевици. Сахарската прашина ќе се задржи до петок.

Температурите во Грција ќе се движат од 10 до 19 степени.

Поврзани содржини