СТОЈАНЧЕ ЈА ПРИСИЛУВАЛ ИВАНА ДА СЕ ДРОГИРА Јовановски тврди дека Мартин и Ивана правеле план како да се ослободат од него

Стојанче рече дека неговиот телефон бил спарен со телефонот на неговата сопруга Ивана и дека го знае секој муабет и план што го правеле Ивана и Мартин за да се ослободат од него.

2,600

Сведокот Мартин Саздов денеска одговараше на прашања од судијата и од одбраната и рече дека Ивана од страв ги повлекувала пријавите за семејно насилство. Тој рече дека не му се живее после оваа трагедија.

На прашање од адвокатот на Стојанче Јовановски дали некогаш Саздов пријавил во полиција, бидејќи Ивана била тепана пред него, сведокот рече:






– Јас отидов во Полициската станица Пролет, а тие ме избркаа, ми рекоа „кој си ти да пријавуваш“. Ме избркаа од станица и не знаев понатаму што да правам.

Тој рече дека иако бил сведок на тепањето пред судот, кога дошла полиција не пријавил, зашто рече дека Ивана сакала мирно да се реши работата.

– На критичниот ден, дали вие влијаевте на Стојанче да се симне пред зградата? – го праша адвокатот на Стојанче.

– Да. Се плашев да не ја тепа – рече сведокот.

После тоа во судницата се соочија поранешните пријатели Стојанче и Мартин. Стојанче го праша:

– Дали со Ивана постојано правевте план како да се ослободите од мене?

– Да – потврди сведокот Саздов.

– Дали со Ивана ми ја наместивте дрогата?

Сведокот негираше.

– Дали ја присилувавте мојата сопруга Ивана да се дрогира и да биде протов мене?

– Јас не сум ја присилувал Ивана да се дрогира. Ивана ми велеше дека Стојанче ја присилувал да се дрогира, додека ја тепал. Јас се лутев, ѝ велев зошто зема кога е родотел. Велеше „Морав, за да си го вратам дарот“ – рече Мартин.

– Дали ја присилувавте мојата сопруга да имате интимни односи и да се снимате? – праша Стојанче.

– Никогаш не сум ја присилувал на такво нешто. Никогаш не сум ѝ зборувал да се дрогира – рече Мартин.

– Дали знаеш дека мојот телефон беше спарен со телефонот на мојата сопруга и го знам секој ваш муабет и план против мене, да се ослободите од мене?

– Јас би сакал да ги приложи тие докази, дека сме планирале такво нешто – рече сведокот.

Стојанче го праша зошто го нападнал со пушка калашников кога го удрил со возилото и зошто не го пријавил во станица кога му ја  удрил колата.

Мартин одговори дека му било жал, дека Стојанче имал доволно пороблеми и негираше какво било нешто со калашников. Рече дека неговото возило го тргнал другар со кого се договориле да кажат дека некој друг го удрил.

Стојанче го праша Мартин зошто пратил полицаец да му се заканува и да го тепа, а Мартин негираше дека познава таков човек.

– Како завршија видеата меѓу Мартин и Ивана во мојот телефон, рековте дека со такви видеа сум ја уценувал? – праша Стојанче.

– Ивана ми рече „те молам прати ми ги видеата, многу ми е важно“, а потоа дознав дека Стојанче ја тепал за да го напише тоа. Јас никогаш не сум ѝ се заканувал на Ивана. Откако ѝ ги пратив видеата, Ивана ми кажа дека Стојанче ѝ се заканувал дека ќе ги покаже видеата на сите и ќе ја прикаже како неморална жена – рече Мартин.

На прашање од обвинителката праша дали некогаш видел како Стојанче ја тепа Катја, Мартин негираше, но додаде дека слушнал како ја навредува Катја.

На прашање од судијата Ивица Стефановски, Мартин рече дека не знае колкави ѝ биле месечните примања на Ивана, но дека се жалела дека Стојанче ѝ ги зема парите, дека нема пари за да ѝ купи на Катја јадење, дека Стојанче го земал тоа што го купувала за Катја да јаде. Мартин рече дека Ивана немала пари за да живее под кирија. Рекла дека ќе бара уште една работа.

На прашањето дали сама се грижела за Катја, Мартин рече:

– Не помагаше Стојанче, Ивана сама се грижеше. Јас им купив јакни на Катја и на Ивана додека беа кај мајка ѝ на Ивана, оти немаа во тој период јакни, а не можеше да отиде до станот да си земе. Сама се грижеше за детето, а еднаш ми рече дека никој не ги чувал нив двете како јас. Го имам тој разговор. Стојанче не даваше пари за Катја. Единствено нешто што ѝ купил беше ташничка за ликовно. Еднаш Катја му изела нешто на Стојанче, а тој почнал да вика зошто му го изела.

Тој рече дека Ивана под присила му го препишала нејзиниот дел на Стојанче. Ивана кажувала дека тој направил фалсификат документ со нејзин потпис. Ивана била загрижена дека ќе остане на улица.

– Дали Ивана немаше каде да живее? – праша судијата.

– Очигледно не. Ѝ велев оди кај мајка ти, не сакаше. Не сакаше ниту под кирија. Дури и мајка ми ја викна да дојде да живее кај нас – рече Мартин.

– Во какви односи беше Ивана со нејзионите родители? – праша судијата.

– Прво беа во добри дноси, ама неколку дена пред настанот, не зборуваше со мајка ѝ и со брат ѝ оти ѝ кажале да се потпише дека се откажува од оставинската на татко ѝ, поради ситуацијата со Стојанче – рече Мартин и потврди дека Стојанче на Ивана често и се заканувал дека ќе ѝ ја земе Катја.

– Дали ова значи дека Ивана немала услови за живот во смисла на сместување и храна и облека за неа и за детето? – праша судијата.

– Да. Дури и мајка ѝ и мајка му на Стојанче им носеа скришно јадење на неа и на Катја. Слушнав дека кога мајка ѝ на Ивана им однела јадење за нејзе и за Катја, Стојанче јадењето го фрлил во канта. Затоа скришно им носеле храна – рече Мартин.

Тој рече дека Стојанче ѝ се заканувал на Ивана со видеата при тужбата за развод.Дека псоледен пат, на критичниот ден, Стојанче ја удрил Ивана зад судот, пред да дојдат полицајците.

– Имаше од претходно модрици, покриени со пудра, по лицето, вратот, нозете. Ми рече дека тоа ѝ е од што ја туирнал по скали во болницата, а и од дома што ја тепал. А тоа што беше на дигестивна ѝ било од тоа што Стојанче ја газел на стомакот. Дента имаше црвенило. Јас барав Ивана да се врати во болница, ама таа не сакаше. И докторот ми кажа дека Ивана лежела во болница од повреда од удари – рече Мартин.

– Зошто Ивана се враќаше кај Стојанче? – праша судијата.

– Зашто сакаше да си го врати делот од станот. Ми велеше „Мартин, мора да бидам добра кон него, за да ми го врати делот, немам друг избор“ – заврши сведокот Мартин.

Потоа сведочеше Ивана Белчева од Скопје, која била сведок на тепањето што се случило на 19 декември во Ѓорче Петров.

– Стојанче ѝ удри шлаканица на Ивана. Јас и една жена застанавме меѓу нив, а јас ја зедов Катја во прегратка. Почнав да ја смирувам за да ѝ го намалам тресењето, бидејќи детето беше премногу вознемирено. Во таа кавга присуствуваше уште една жена. Катја не знаеше која е таа. Ивана почна да ја навредува жената и кавгата се вжешти. Стојанче пак ја нападна Ивана со повеќе удари по главата и по телото. Во тој момент викнав полиција, рекоа ќе дојдат. Му реков на Стојанче дека прави кривично дело, дека не смее да ја тепа сопругата. Тој ја зеде Катја, не ми одговори ништо, ме гледаше заледено. Сфати дека викнав полиција и си замина со Катја. Останаа Ивана и другата жена. Застанав со Ивана и ѝ објаснив дека ги знам постапките за пријавување семејно насилство и ќе останам со неа за да го пријави случајот. Но Ивана не беше заинтересирана за тоа што јас ѝ зборував, повеќе сакаше да зборува со другата жена. Јас ја почекав полицијата. Кога дојдоа ја замолив Ивана да го пријави Стојанче, но таа и жената си заминаа. Дадов изјава пред полицијата, тие направија записник – рече Белчева.

Поврзани содржини