КУЌАТА ВО КОЈА ПОРАСНАЛ ДЕЈВИД БОУВИ ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕНА ЗА ЈАВНОСТ Скромниот дом на пејачот ќе биде наменет првенствено за млади

Обожавателите ќе можат да го посетат домот каде што пораснал Дејвид Боуви од 2027 година

98

Две соби на приземјето, две на првиот кат. Дејвид Боуви го поминал детството во скромна куќа во лондонската населба Бромли, како и многу други, но меѓу тие ѕидови е испишана музичката историја.

Куќата во јужен Лондон на адреса Plaistow Grove 4, Бромли, каде што Боуви живеел од осум до дваесет години, е преземена од Фондацијата за наследство на Лондон и моментално е во процес на реставрација, со цел да се отвори за посетители во 2027 година, според верифицираниот Инстаграм профил на музичарот кој почина во 2016 година.






Ќе биде реставрирана во својот изглед од почетокот на 1960-тите, а архивите што никогаш порано не биле видени ќе помогнат да се рекреира внатрешниот распоред каков што бил кога Боуви живеел таму.

Џефри Марш, кокуратор на изложбата на Дејвид Боуви во музејот V&A, рекол дека малата куќа е местото каде што музичарот од „едноставен ученик од предградието“ се претворил во музичар кој постигнал „меѓународна слава“.

Куќата е првенствено наменета за млади луѓе. Во иднина таму ќе се одржуваат креативни работилници, велат оние кои се одговорни за наследството на музичарот, и се надеваат дека домот на големиот музичар ќе послужи како инспирација. Целта на верната реставрација на куќата на Боуви е да се создаде „импресивно искуство“ и да се внесат посетителите во светот на младиот Дејвид.

Тој еднаш ја опиша својата спална соба од детството, која била помала од девет квадратни метри, како негов „цел свет“.

– Поминував толку многу време во мојата соба, тоа навистина беше целиот мој свет, имав книги горе, мојата музика, мојот грамофон, а за да излезам од мојот свет долу на улицата, морав да поминам низ оваа ничија земја на дневната соба – рече еднаш Боуви.

Џорџ Андервуд, музичар и близок пријател на Боуви, рече дека тие „поминале многу време заедно, слушајќи и свирејќи музика. Многумина рекле дека музиката на Дејвид ги спасила или им го променила животот. Неверојатно е што тој имал такво влијание врз луѓето, а уште поневеројатно е што сè започнало токму тука, во оваа куќа.

Фондацијата „Наследство на Лондон“ објави дека сака куќата да го продолжи наследството на Боуви за „слободно креативно експериментирање“.

Поврзани содржини