ЛАДЕН ЦИКЛОН НОСИ ДОЖД И СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА Повремено ќе дува и ветер со јачина од 60 километри на час

115

Под влијание на циклонска активност со центар над Јонското Море денеска и утре насекаде во Македонија времето ќе биде облачно и врнежливо со повремено обилни врнежи од дожд па така за време на овој период локално ќе наврне големо количество на дожд (над 50 литри на метар квадратен дожд). Поради продор на ладен воздух од север на планините и на повисоките места над 1000 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.

Повремено ќе дува засилен до силен ветер од северен и од североисточен правец (повремено и локално со брзина од над 60/65 км/час).






Целата прогноза на Попоски може да ја прочитате на следниот ЛИНК.

 

Поврзани содржини