📽️ ЗАСТАНАЛЕ ДО НЕА И ЈА ТУРНАЛЕ ВО АВТОМОБИЛ Американска новинарка киднапирана во Багдад

Ирачкото Министерство за внатрешни работи не ја откри националноста на киднапираната новинарка, но соопшти дека осомничениот за киднапирањето е уапсен и дека се во тек напори за ослободување на новинарката.

131

Новинарка со американски пасош беше киднапирана денес во Багдад од непознати лица, соопштија два полициски извори.

Ирачкото Министерство за внатрешни работи не ја откри националноста на киднапираната новинарка, но соопшти дека осомничениот за киднапирањето е уапсен и дека се во тек напори за ослободување на новинарката.






Полициски извори изјавија за Ројтерс дека сè уште го бараат возилото во кое новинарката била насилно однесена од четворица мажи во цивилна облека.

Потрагата е фокусирана на источниот дел од Багдад, каде што се движело возилото на киднаперите, додадоа полициските извори.

 

Поврзани содржини