📽️ ТУРЦИТЕ ОКО НЕ СКЛОПИЈА ПРЕД СРЕДБАТА Косовските навивачи со огномет го „нападнаа“ хотелот на гостите

Турците велат дека огнометот бил испален кон прозорците и безбедносните мерки ги оценуваат како несоодветни.

199

Во пресрет на вечерашниот меч во Приштина помеѓу Косово и Турција вечерва во 20:45 часот, во кој влогот е исклучително висок за двете репрезентации, пласман на Светско првенство, се пукаа огномети на полноќ пред хотелот каде што престојуваше турската репрезентација.

Турците велат дека огнометот бил испален кон прозорците и безбедносните мерки ги оценуваат како несоодветни.






Експлозиите беа доста гласни, а Фудбалската асоцијација на Турција вели дека е разочарана од однесувањето на навивачите на Косово, кои Турција ја сметаат за пријателска земја, но вечерва ќе бидат на тотално спротивни страни.

 

Победникот од овој натпревар на Светското првенство ќе игра во групата Д заедно со Австралија, Парагвај и домаќинот САД.

Поврзани содржини