ПЛАТИТЕ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА ЌЕ ПОРАСНАТ ЗА 21% Филков потпиша колективен договор
Според договорената динамика, зголемувањето ќе се реализира во три фази по 7% зголемување од 1 март 2026 година до 1 март 2028 година.
Министерот за правда Игор Филков заедно со Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) и Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство (САДУ) го потпиша Колективниот договор со кој административните службеници ќе добијат етапно зголемување на платите кое до 2028 година ќе достигне вкупно 21%.
Според договорената динамика, зголемувањето ќе се реализира во три фази: 7% зголемување од 1 март 2026 година; 7% дополнително зголемување од 1 март 2027 година и 7% дополнително зголемување од 1 март 2028 година.
Колективниот договор дополнително предвидува:
– Додатоци за ноќна смена, работа во смени, работа за време на неделен одмор, за време на празници, како и работа подолга од полното работно време.
– Јубилејни награди
– Регрес за годишен одмор
– Заштита од вознемирување на работното место
– Мерки за безбедност и здравје при работа
За вработените во Министерството за правда ова значи поголема мотивација, но и зголемена одговорност,ефикасност и професионалност во секојдневната работа, како и повисок квалитет на услугите кон граѓаните, соопшти Министерството.