📷 КРАЈ ЗА ЗАПУШТЕНИТЕ ПЕШАЧКИ ПАТЕКИ Ѓорѓиевски најави голема реконструкција на јавните простори

Град Скопје започна реконструкција на пешачките патеки со прва делница на „Партизански одреди“. Проектот има цел да ја подобри безбедноста и квалитетот на урбаниот простор за граѓаните.

1,056

Градоначалникот на Скопје  најави почеток на широка акција за реконструкција на пешачките патеки во градот. Целта е подобрување на безбедноста, уреденоста и функционалноста на јавниот простор.

Активностите стартуваа на булеварот „Партизански одреди“, на потегот од мостот „Обединети нации“ до пешачкиот мост „Влае“. Се реконструира површина од 1.200 м².






„Оваа делница добива целосно нов лик – пешачка патека со ширина од 4 метри, комплетно реконструирана и современо уредена, со нова подлога, подобрена пристапност, уредени рабници и зголемена безбедност за сите учесници во сообраќајот“, пишува градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на својот Фејсбук профил.

Според Ѓорѓиевски, оваа делница била меѓу најбараните од граѓаните, бидејќи станува збор за фреквентна зона со долгогодишни проблеми.

„Со оваа интервенција, конечно ставаме крај на сликите на запуштеност и небезбедност. Ваквите слики стануваат минато“.

Градот најавува дека ќе продолжи со реконструкција на пешачките патеки и велосипедската инфраструктура, како и со нови урбани решенија.

Целта, според градските власти, е создавање функционален и уреден град кој ги става граѓаните на прво место.

Поврзани содржини