ПРОСЕЧНАТА КАМАТА НА ВКУПНИТЕ ДЕПОЗИТИ СЕ ЗАДРЖА НА 2,19% ВО ФЕВРУАРИ Кај кредитите е забележан пад на просечната каматна стапка

Просечната каматна стапка на новопримените депозити забележа месечно зголемување од 0,08 п.п., додека на годишно ниво не оствари промена и изнесува 2,41%.

32

Просечната каматна стапка на вкупните депозити на годишна основа е непроменета, при што во февруари таа изнесува 2,19%, покажуваат последните податоци на Народна банка.

Според овие податоци, просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,45 п.п. и изнесува 4,73%.






Просечната каматна стапка на новопримените депозити забележа месечно зголемување од 0,08 п.п., додека на годишно ниво не оствари промена и изнесува 2,41%.

Податоците покажуваа и дека просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во февруари, бележи месечен и годишен раст од 0,22 п.п. односно и 0,06 п.п. и изнесува 4,69%.

Поврзани содржини