АЕРОДРОМОТ ПАЛМ БИЧ ЌЕ СЕ ПРЕИМЕНУВА ВО АЕРОДРОМ ДОНАЛЏ Џ. ТРАМП Гувернетот на Флорида го потпиша законот
Законот ќе стапи на сила на 1 јули, по одобрувањето од Федералната администрација за воздухопловство.
Гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис го потпиша законот со кој аеродромот Палм Бич ќе се преименува во „Меѓународен аеродром претседател Доналд Џ. Трамп“, откако Претставничкиот дом и Сенатот го усвоија предлогот минатиот месец.
Законот ќе стапи на сила на 1 јули, по одобрувањето од Федералната администрација за воздухопловство. Официјалните владини записи и мапи ќе бидат ажурирани за да го одразат новото име на аеродромот.
Аеродромот ќе добие и нов код: „ДЏТ“ (DJT).
Законот го предложи пратеничката Мег Вајнбергер. Таа претходно оваа година помогна во именувањето на „Булеварот на претседателот Доналд Џ. Трамп“, дел од патот што го поврзува аеродромот со приватната вила на Трамп, Мар-а-Лаго.
Иако демократите изразија загриженост дека семејството Трамп би можело да профитира од промената на името, портпарол на „Организацијата Трамп“ нагласи дека претседателот и неговото семејство нема да добиваат авторски права, лиценцирани такси или каква било финансиска компензација.
Организацијата е подготвена да го обезбеди правото да се користи името на амеррианскиот претседател без компензација.
– Да биде јасно, претседателот и неговото семејство нема да добиваат никакви авторски хонорари, лиценцирани такси или каква било финансиска компензација од предложеното преименување на аеродромот – изјави Кимберли Бенза, извршна директорка на „Организацијата Трамп“.