🎥 АМЕРИКАНСКИ СПЕЦИЈАЛЦИ СЕ РАСПОРЕДУВААТ НА БЛИСКИОТ ИСТОК На повидок копнен напад врз Иран
Новопристигнатите сили им се придружуваат на илјадниците маринци и падобранци веќе распоредени во регионот.
Стотици припадници на специјалните сили на американската армија пристигнале на Блискиот Исток, јавуваат американските медиуми.
Според објавите на „Њујорк Тајмс“ и на „Си-Би-Ес“ кои се повикуваат на воени извори и лица запознаени со операцијата, распоредувањето вклучува припадници на „ренџерите“, елитни единици на копнените сили на САД, како и единици на морнаричките „фоки“,
Новопристигнатите сили им се придружуваат на илјадниците маринци и падобранци веќе распоредени во регионот.
Според истите извори, американските сили би можело да бидат ангажирани во мисии за повторно отворање на Ормускиот теснец, преземање на контрола врз клучниот ирански извозен нафтен центар на островот Харг или во акции за обезбедување на високо збогатен ураниум.
Последните денови растат шпекулациите за можен копнен напад на САД врз Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп јавно го повика Техеран на дипломатско решение за конфликтот инициран од САД и Израел, истовремено предупредувајќи на можноста од понатамошна воена ескалација.