УКРАИНА СКЛУЧИ ИСТОРИСКИ ДОГОВОРИ СО ЗЕМЈИТЕ ОД ПЕРСИСКИОТ ЗАЛИВ Соработка во одбраната и во енергетиката

Веќе се постигнати договори за зајакнување на противвоздушната одбрана, заеднички развој на производството на оружје, како и за соработка во енергетскиот сектор, вели претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

143

Украина воспоставува безбедносно-одбранбени партнерства со повеќе земји од Персискиот Залив, изјави претседателот Володимир Зеленски, посочувајќи дека Украина склучи „историски договори“ со Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и со Катар.

Зеленски во своето вечерно видеообраќање по враќањето од посетата на Блискиот Исток и држави во Заливот, изјави дека Украина соработува уште и со Јордан и со Кувајт, како и дека има интерес за соработка и со Бахреин и со Оман.






– Украина извезува одбранбени системи, воено искуство и техничко знаење, при што очекува возвратна соработка во безбедносната сфера – рече Зеленски.

Тој додаде дека веќе се постигнати договори за зајакнување на противвоздушната одбрана, заеднички развој на производството на оружје, како и за соработка во енергетскиот сектор.

Украина, која повеќе од четири години се брани од руската воена интервенција, им нуди помош на државите од Блискиот Исток во обука на персонал и тактики за одбрана од иранските напади извршени со дронови и ракети.

Поврзани содржини