ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА КОРИСНИЦИТЕ НА БАЈНЕНС ВО МАКЕДОНИЈА Групата „111 Заедница за криптовалути“ на Вајбер не е официјален канал на Бајненс
Оваа група лажно се претставува како официјална или поврзана со Binance и Trust Wallet, користејќи пораки што можат да ги доведат корисниците во заблуда. Во пораките се тврди дека станува збор за „група за учење“, „координација“, „одбележување годишнина“ и дека учесниците можат да добијат награди, криптовалути и други поволности.
Вајбер групата именувана како „111 Заедница za kriptovaluti“, како и пораките и комуникацијата што се споделуваат во неа, не се официјално поврзани со Binance и не се водени, одобрени или поддржани од Binance на кој било начин.
Оваа група лажно се претставува како официјална или поврзана со Binance и Trust Wallet, користејќи пораки што можат да ги доведат корисниците во заблуда. Во пораките се тврди дека станува збор за „група за учење“, „координација“, „одбележување годишнина“ и дека учесниците можат да добијат награди, криптовалути и други поволности.

Ги повикуваме сите корисници да бидат крајно внимателни и да ги следат овие безбедносни препораки:
- Не споделувајте лични информации со непознати лица или неофицијални групи, вклучително и име и презиме, телефонски број, адреса, е-пошта, лични документи или банкарски податоци.
- Никогаш не споделувајте лозинки, seed phrase / recovery phrase, private key, OTP-кодови или податоци за пристап до вашиот профил или паричник.
- Не испраќајте средства и не поврзувајте wallet/акаунт преку линкови што ви се доставени во вакви групи или приватни пораки.
- Проверувајте ги информациите исклучиво преку официјалните канали на Binance.
- Доколку сте биле додадени во ваква група, напуштете ја групата, блокирајте ги профилите што комуницираат со вас и пријавете ја содржината на платформата.
За ваша безбедност, секоја комуникација што тврди дека е „официјална“, а не доаѓа преку проверени канали, треба да се смета за сомнителна.
За проверка на информации и за контакт со Binance, ве молиме користете ги исклучиво нашите официјални канали за поддршка и комуникација, објавени на официјалната веб-страница и официјалните верификувани профили на Binance, на Телеграм, Инстаграм и ТикТок. Доколку некој корисник веќе споделил податоци или стапил во интеракција со оваа група, препорачуваме веднаш да ги промени лозинките, да ги обезбеди профилите со двофакторска автентикација и да контактира со официјалната поддршка на Binance.
Binance, the world’s leading cryptocurrency exchange by trading volume and users, останува посветен на заштитата на својата заедница и апелира до сите корисници да бидат внимателни кон измамнички групи, неовластени канали и лажни претставувања.