ГЕРМАНИЈА БАРА РАБОТНИЦИ Еден сектор посебно е загрозен

Нови работни места се создаваат речиси исклучиво во јавниот сектор, здравството и образованието, додека индустријата продолжува да губи работници. Според проценките, околу 140.000 работни места ќе исчезнат во тој сектор.

110

Недостатокот на работна сила во Германија повторно е во фокусот откако одделни сектори најавија дека голем број работници одат во пензија, а за нив нема замена.

Според анализата на германскиот институт KOFA, најголемото намалување на работната сила е забележано кај продавачите на месо и месни производи. Во текот на 2025 година, во просек останале непополнети 4.665 работни места – повеќе од 40% во однос на претходната година.






– Ова е најголемиот број досега – вели експертот Јурек Тиедеман за Tagesschau.

Главната причина е демографскиот притисок: дури 38% од вработените во овој сектор се над 55 години и наскоро ќе се пензионираат, додека речиси и да нема млади работници. Резултатот е континуиран пад на вработеноста – помеѓу 2017 и 2024 година, бројот на работници во таа професија се намалил за повеќе од 19%.

Голем дефицит е забележан и во градежниот сектор. Бројот на слободни работни места за оператори на градежна механизација, како што се возачи на багери, се зголеми за 38% на повеќе од 1.500.

Ситуацијата се влошува и кај даночните советници, каде што дефицитот се зголеми за речиси 27%, на 2.318 работни места.

Сепак најголемиот недостиг на работници (повеќе од 16.200 работници) има во градежната електротехника и повеќе од 15.200 во грижата за стари лица.

Според податоците на KOFA, минатата година празни останале  околу 369.000 работни места.

Слични заклучоци извлекува и Институтот за истражување на пазарот на трудот (IAB). Според нивните проценки, бројот на луѓе достапни за пазарот на трудот ќе се намали за 40.000 оваа година.

Нови работни места се создаваат речиси исклучиво во јавниот сектор, здравството и образованието, додека индустријата продолжува да губи работници. Според проценките, околу 140.000 работни места ќе исчезнат во тој сектор.

Поврзани содржини