СПРЕЧЕН ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ПАРИЗ За 600 евра ангажирале тинејџер да фрли бомба пред Банка на Америка

17-годишникот роден во Сенегал изјавил дека бил ангажиран преку апликацијата Snapchat за сума од 600 евра за да ја активира бомбата пред зградата на Bank of America во Париз.

277

Француската полиција спречи потенцијален терористички напад во осмиот арондисман во Париз, пред зградата на Bank of America, јавуваат француските медиуми. Припадници на специјалната единица за борба против криминал (BAC) го совладале осомничениот додека се обидувал да активира импровизирана експлозивна направа.

Според достапните информации, станува збор за 17-годишник роден во Сенегал, кој живеел во регионот Сена-Сен-Дени.






Тој изјавил дека бил ангажиран преку апликацијата Snapchat за сума од 600 евра. Наводно, друго лице го донело до местото на нападот и потоа избегало.

Направата се состоела од канистер со запалива течност поврзан со цевка слична на пиротехнички уред, која содржела околу 650 грама експлозивен прав.

Министерот за внатрешни работи на Франција, Лоран Нунјез, изјави дека „брзата реакција на полицијата спречила сериозен терористички акт“.

Истрагата продолжува, а властите трагаат по вториот осомничен.

Според извори блиски до истрагата, се разгледува можноста зад нападот да стојат мрежи поврзани со Иран, особено по серијата напади врз американски, израелски и еврејски цели во Европа во последните недели.

 

 

Поврзани содржини