УКРАИНА ПОТПИША ДОГОВОРИ ЗА СОРАБОТКА ВО ОДБРАНАТА СО САУДСИКА АРАБИЈА И СО КАТАР Плодна турнеја на Зеленски во арапските земји

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека со своите министри и со државната компанија „Нафтогас“ разговарал со арапските држави за решавање на потенцијалниот недостиг на нафта, особено за испораката на дизел гориво.

146

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев работи на постигнување договор со земјите од Блискиот Исток за испорака на дизел, гориво кој е во најголем дефицит во земјата.

Зеленски говореше за украинските медиуми за време на неговата турнеја низ Блискиот Исток, каде претходно соопшти дека Украина и Саудиска Арабија потпишаа договор за соработка во областа на одбраната. Овој документ ги поставува темелите за идни договори, технолошка соработка и за инвестиции. Зеленски нагласи дека со своите министри и со државната компанија „Нафтогас“ разговара за решавање на потенцијалниот недостиг на нафта, посочувајќи дека 90 отсто од енергетскиот дефицит отпаѓа токму на дизел горивото.






Зеленски појасни дека рамковниот договор бил потпишан пред неговата средба со саудискиот престолонаследник, принцот Мохамед бин Салман ал Сауд.

Украина истовремено ја зајакнува својата улога во регионот преку испраќање на над 220 експерти кои ги советуваат блискоисточните држави како да се справат со напади од беспилотни летала, кои нанесоа огромни штети врз енергетската инфраструктура во целиот регион.

Исто така, Зеленски соопшти дека Украина и Катар потпишаа договор за соработка во областа на одбраната на најмалку 10 години.

Договорот е потпишан за време на посетата на Зеленски на Доха, каде што украинскиот претседател се сретна со емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад ал Тани, и со премиерот Мухамед бин Абдулрахман ал Тани.

– Разговаравме за тоа како да обезбедиме поголема заштита на животите во нашите земји и договоривме заемно корисно партнерство во секторот на одбраната во траење од најмалку 10 години – истакна Зеленски.

Договорот, по средбата на Зеленски и Ал Тани, го потпишаа началниците на генералштабовите на војските на Украина и Катар, Андриј Гњатов и Јасим бин Мохамед ал Манаи.

Украинскиот претседател пристигна во Доха по посетата на Обединетите Арапски Емирати, каде што изјави дека неговиот тим ги финализира преостанатите детали за договорот за безбедност со официјалните претставници на таа земја.

Поврзани содржини