САМО ЕДНАШ ВО ДЕНОТ МОЖАТ ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ЦЕНАТА НА ГОРИВАТА Ограничување за бензинските пумпи во Германија
На бензинските пумпи ќе им биде дозволено само еднаш дневно и тоа попладне да можат да ги зголемат цените, додека намалување на цените е дозволено повеќе пати во еден ден.
Германскиот парламент денеска донесе пакет мерки за спречување на растот на цените на горивата, а главната мерка е забрана за повеќекратно зголемување на цените во еден ден.
Исто, предвидено е и зголемување на ингеренциите на Канцеларијата за борба против картелите за контрола на движењето на цените на горивата.
На бензинските пумпи ќе им биде дозволено само еднаш дневно и тоа попладне да можат да ги зголемат цените, додека намалување на цените е дозволено повеќе пати во еден ден.
Пакет мерките треба да бидат изгласани и во парламентите на сојузните покраини. Се очекува мерките да стапат во сила пред велигденските празници.