ВОЗЕЛЕ БЕЗ ДОЗВОЛА И ПИЈАНИ Приведени 12 возачи, меѓу нив и малолетник

Осум возачи биле фатени без дозвола, четворица под дејство на алкохол, а двајца предизвикале и сообраќајни незгоди.

52

Полицијата во текот на изминатото деноноќие приведе 12 возачи низ државата поради безобѕирно управување со возило. Дел од нив возеле без дозвола, а други седнале зад волан под дејство на алкохол, при што двајца предизвикале и сообраќајни незгоди.

Според информациите од Министерство за внатрешни работи на Северна Македонија, осум возачи управувале возила без возачка дозвола, меѓу кои имало и малолетник. Без дозвола биле затекнати три лица во Скопје, како и по едно лице во Желино, Тетово, Демир Капија, прилепско и Дебар.






Во Желино возачот не само што управувал без дозвола, туку превезувал и огревно дрво без соодветна документација. Во Дебар, пак, лице управувало трактор без дозвола и учествувало во сообраќајна незгода со друго возило.

Покрај нив, четворица возачи биле затекнати како управуваат возило под дејство на алкохол – двајца во Штип и по еден во општина Старо Нагоричане и Струга. Возачот во Струга предизвикал и сообраќајна незгода.

По целосното документирање на случаите, против сите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Од полицијата апелираат возачите да ги почитуваат правилата и да не седнуваат зад волан без дозвола или под дејство на алкохол.

Поврзани содржини