СНЕГОТ ПРЕДИЗВИКА СООБРАЌАЕН ХАОС ВО ХРВАТСКА Автобус се заби во карпа

Врнежите во Горски Котар започнаа како дожд во текот на ноќта, а подоцна се претворија во обилен снег, што го отежна сообраќајот.

141

Снегот кој ноќеска паѓаше во одредени делови на Хрватска, предизвика проблеми со сообраќајот на неколку патни правци. Автобус се заби во карпа на патот помеѓу Горње Јелене и Краљеви Јарак, и сообраќајот се одвива отежнато, јавуваат хрватските медимуми.

Врнежите во Горски Котар започнаа како дожд во текот на ноќта, а подоцна се претворија во обилен снег, што го отежна сообраќајот.






Националното здружение на возачи и сопственици на возила на Хрватска (ХАК) објави на својата веб-страница дека поради сообраќајна несреќа на патот ДЦ3 помеѓу Горње Јелење и Краљеви Јарак, сообраќајот се одвива по една лента.

Покрај тоа, во моментов нема слободен патен правец за камиони со приколки и влекачи со полуприколки од внатрешноста кон Хрватскиот брег или Истра и обратно, поради зимските услови на автопатот А6 Риека-Загреб и државниот пат ДЦ3, објави ХАК.

Поврзани содржини