РЕКОА НЕ САКАМЕ, ТИ БИДИ АЈАТОЛАХ Трамп се измајтапи со иранското раководство

Шефот на САД се пошегува дека никој во Иран не сака да биде ајатолах и дека добил понуда тој да биде следниот врховен лидер.

1,014

Претседателот на САД го исмеа Иран велејќи дека никој не сака да биде врховен лидер на таа земја и дека наводно тоа му било понудено нему.

– Никогаш немало лидер кој не си ја сакал работата помалку од оној во Иран.






Потоа следеше иронична порака, која брзо се прошири.

– Велат: Не го сакам ова. Би сакале вие да бидете следниот врховен лидер. Не, ви благодарам, не сакам – изјави Трамп.

Претходно тој изјави лидерите стравуваат од реакција дома и од американски притисок.

– Тие преговараат и многу сакаат договор, но се плашат да го кажат тоа. Мислат дека нивниот народ ќе ги убие. Мислат дека и ние ќе ги убиеме – додаде тој.

Иран јавно ги негира преговорите. Во исто време, Трамп тврди дека има напредок и дека е можен договор. Во меѓувреме изарелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нареди интензивни дводневни напади врз воената инфраструктура на Иран. Според „Њујорк Тајмс“ Нетанјаху се плаши дека Трамп може да склучи примирје и да ја стопира војната со Иран.

Трамп и порано користел сличен стил. Минатата година се пошегува дека би сакал да биде папа. Изјавата дојде по смртта на папата Франциск.

Дополнително, беше објавена и слика со вештачка интелигенција. На неа, Трамп беше прикажан како папа, што предизвика критики.

Поврзани содржини