🎥 СЕ ПОЈАВИ БЕЗ ГРАДНИК И ГО УКРАДЕ ШОУТО Поранешната девојка на Леонардо Дикаприо го шашардиса водителот Џими Фалон

Атрактивната манекенка и поранешна партнерка на Леонардо Дикаприо се појави во „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“ и веднаш стана главна тема на вечерта.

868
Атрактивната манекенка и поранешна партнерка на Леонардо Дикаприо уште еднаш докажа дека знае како да привлече внимание.
Популарната манекенка и поранешна девојка на Леонардо Дикаприо, Камила Мороне, се појави во „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“ и веднаш стана главна тема на вечерта.
Атрактивната бринета блесна во провокативен црн мини фустан со длабоко деколте, кој го носеше без градник.
Уште при пристигнувањето на снимањето беше јасно дека нејзиниот моден избор ќе привлече многу внимание. Елегантната, но провокативна комбинација ги истакна нејзините витки нозе и женствена фигура, додека длабокото деколте дополнително го нагласи нејзиниот самоуверен изглед.
За време на интервјуто со Џими Фалон, шармантната гостинка отворено зборуваше за нејзината нова актерска улога во хорор филмот „Something Very Bad Is Going to Happen“, кој излегува во кината на 26 март 2026 година. Таа откри дека ова искуство било особено предизвикувачко, но и возбудливо, бидејќи тоа бил прв пат да се испроба во поинтензивен, помрачен жанр.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Camila Morrone (@camilamorrone)

Таа ја освои публиката со својата спонтаност и хумор, но беше тешко да не се забележи дека погледите честопати беа насочени токму кон нејзиното смело модно издание. Комбинацијата од сексапил и самодоверба уште еднаш потврди зошто таа е една од најследените манекенки на денешницата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Tonight Show (@fallontonight)

Леонардо и Камила официјално почнаа да се забавуваат во 2017 година, по неговото раскинување со манекенката Нина Агдал, иако нивните претставници првично негираа дека се заедно.
Разликата меѓу нив беше 23 години, а тие поминаа пет години заедно и многумина беа убедени дека ќе застанат пред олтарот.
Сепак, само еден месец по 25-тиот роденден на Камила, двојката ја заврши својата врска, а имаше гласини дека нејзините години се виновни затоа што Леонардо не излегува со девојки над 25 години.
Поврзани содржини