ТЕРЕНИ ЗА РАКОМЕТ, ОДБОЈКА И ЗА КОШАРКА ВО ОУ „ДАМЕ ГРУЕВ“ ВО БИТОЛА Почна изградбата на спортски игралишта

100

Почна изградбата на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“ во Битола, што е проект од вториот владин повик, преку Министерството за образование и наука.

Денеска локацијата ја посетија градоначалникот на Битола Тони Коњановски, претседателот на Советот Бојан Бојкоски и секретарот на општината Борче Димитровски, а од одговорните за проектот беа информирани со текот на работите.






Станува збор за отворени повеќенаменски игралишта во училишниот двор и тоа терени за ракомет, кошарка и одбојка со вкупна површина од 1.311 м2.

Проектот предвидува поставување и на тартан подлога со дебелина од 13 милиметри, а вкупната асфалтна површина ќе биде на 2.081 м2.

Околу терените ќе биде направена и пешачка патека во бехатон на површина од 294 м2, асфалтирање на пристапниот дел до игралиштата, паркинг простор, хортикултурно уредување и поставување на урбана опрема.

Вкупната сума на проектот е 15.507.414 денари.

Со овој проект, и ова училиште се приклучува кон другите основни училишта кои ќе имаат нови спортски терени, што е заложба на Општината.

 

Поврзани содржини