Земјотрес со магнитуда од 2,7 степени според рихтеровата скала денеска во 12.05 часот денеска е почувствуван во Скопје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Земјотресот потекнува од скопското епицентрално подрачје.
Земјотресот беше почувствуван во градот Скопје и околината со интензитет III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.