ЗАСАДЕНИ ДРВЦА ВО ЗНАК НА ПОДДРШКА, ЕМПАТИЈА И ЉУБОВ Настан во Зоолошката градина во чест на лицата со Даунов синдром

Со вакви иницијативи се зајакнува свеста за значењето на солидарноста, емпатијата и заедничката одговорност во градењето похумано и праведно општество за сите - се вели во соопштението на Град Скопје.

275

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска присуствуваше на настан организиран по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, кој се одржа во Скопската Зоолошка градина.

Настанот беше реализиран во соработка со здруженијата „Видлива поддршка” и „Трисомија 21″, при што беа засадени дрвца како симбол на животот, растот и надежта.

„Со оваа симболична активност се испрати порака за важноста на прифаќањето, еднаквоста и поддршката за лицата со Даунов синдром, како и за потребата од градење општество без бариери. Засадените дрвја претставуваат траен потсетник дека секое дете заслужува љубов, почит и можност да го достигне својот потенцијал.

Град Скопје и понатаму останува посветен на унапредување на инклузивните политики и создавање средина во која различностите се прифаќаат како вредност, а не како пречка.

Преку вакви иницијативи се зајакнува свеста за значењето на солидарноста, емпатијата и заедничката одговорност во градењето похумано и праведно општество за сите“ – се вели во соопштението на Град Скопје.

Поврзани содржини