ЗИДАН ГО ПРЕЗЕМА КОРМИЛОТО НА ФРАНЦИЈА ПО СП2026 Селекторот во најава сака систем како во Реал Мадрид

Зинедин Зидан постигна договор со Француската федерација и ќе ја преземе репрезентацијата по Мундијалот 2026. По 5 години пауза, легендата се враќа со амбиција да отвори нов циклус на успеси.

166

Фудбалска Франција конечно го добива тоа што долго го очекуваше. Зинедин Зидан постигна устен договор со Француската фудбалска федерација и е на чекор од селекторската функција.

Веста доаѓа од „Le Parisien“. Договорот е веќе усогласен, но официјалната потврда ќе почека.






Еден од клучните услови на Зидан е проширување на стручниот штаб. Тој сака поширок и модерен тим околу себе, сличен на моделот што го применуваше во Реал Мадрид, каде што со мултидисциплинарен пристап дојде до врвни резултати.

Легендата се враќа по 5 години пауза, но со товар на големи очекувања и мисија да ја задржи Франција на врвот на светскиот фудбал, каде што веќе со години игра водечка улога.

Претседателот на федерацијата, Филип Дијало, веќе најави дека името на новиот селектор е познато. Сепак, објавата се одложува.

Причината е јасна. Франција сака мир пред Светското првенство во 2026 година, за да му се овозможат најдобри услови на актуелниот селектор Дидие Дешан.

Зидан е без ангажман од 2021 година. Во меѓувреме се поврзуваше со најголемите европски клубови, но неговата вистинска амбиција секогаш беше репрезентацијата на Франција, што ова назначување го прави логичен и долго најавуван чекор.

Дидие Дешан ќе ја води Франција до крајот на Мундијалот 2026. Потоа следува предавање на кормилото.

Официјализацијата на Зидан е планирана за летото 2026, што ќе овозможи непречена транзиција и стабилност во тимот во еден чувствителен период.

Поврзани содржини