ПOЧИНА ЅВЕЗДАТА НА „НАТПРИРОДНО“ 51- годишната актерка беше дијагностицирана со рак на дојка

Канадската актерка Кери Ен Флеминг, најпозната по улогите во сериите „Supernatural“ и „iZombie“ почина на 51-годишна возраст

505

Канадската актерка Кери Ен Флеминг, најпозната по своите улоги во телевизиските серии како „Јас зомби“ и „Натприродно“, починала на 26 февруари, на 51-годишна возраст откако ѝ бил дијагностициран рак на дојка.

Џим Бивер, кој го играше нејзиниот сопруг во „Натприродно“, сподели на Фејсбук емотивна објава.






Бивер, чија сопруга Сесили почина од рак во 2024 година, ја нарече Флеминг своја „сродна душа“ и откри дека тие „се сакале“, но растојанието ги спречувало да имаат контакт.

– Да се ​​пронајде сродна душа еднаш во животот е некакво чудо – напиша тој во долга објава на Фејсбук.

– Двапати да се пронајде е речиси незамисливо. Да се ​​сака и да се биде сакан е вистински бисер, но таквите бисери им доаѓаат повеќе од еднаш или двапати на среќниците. Ја изгубив Сесили од рак во 2004 година. Сега ја изгубив Кери од истата болест. Никогаш не помислив дека моето срце може да се скрши толку лошо повеќе од еднаш. Но, се скрши  – напиша тој.

Причината за смртта се компликации од рак на дојка.

Флеминг својата кариера ја изгради во текот на три децении континуирана работа на малите и големите екрани, а првите чекори во глумата ги направи со појавување во серијата „Вајпер“ и улогата во комедијата „Среќен Гилмор“ со Адам Сандлер.

Од 2005 година, таа се посвети конкретно на жанрот хорор, кога доби улога во антологиската серија „Мајстори на хоророт“. Таа го отелотвори ликот на Карен Сингер, сопругата на Боби Сингер, во серијата „Натприродно“ – улога што ѝ донесе големо признание и ја следеше низ сите пет сезони. Беше ангажирана во 2015 година и за „Јас зомби“, каде што го играше ликот Кенди Бејкер.

Нејзината телевизиска филмографија е исклучително богата и вклучува серии како „Супердевојка“, „Нереално“, „Смолвил“, „Зборот Л“ и многу други. На големото платно, покрај во „Среќен Гилмор“, таа се појави во филмовите „Гоооооооо Чак“ и „Брачен живот“.

Зад неа остана нејзината ќерка Мадалин Роуз.

 

 

Поврзани содржини