КОИ СЕ НАЈОМРАЗЕНИТЕ ЗЕМЈИ ВО СВЕТОТ? Најмоќните и тука се во водство, но „шампионот“ е изненадување

Водечки светски сили се соочуваат со значителна омраза на глобално ниво, најчесто поради нивните империјалистички тенденции и мешањето во економските, политичките и воените работи на помалите држави.

203

Без разлика каде живеат, повеќето луѓе имаат одредени ставови за другите земји. На оваа мапа со сина боја се означени оние држави кон кои доминираат негативни мислења.

Врз ваквите ставови влијаат многу фактори, како политиките на владите и воените интервенции, културата, религијата, па дури и однесувањето на туристите од тие земји.






Сепак, според податоците на „Ворлд попјулејшн ривју“, и покрај силната конкуренција, Кина се издвојува како земја што остатокот од светот „најмногу ја мрази“.

На второ место се наоѓаат САД, а на трето Русија, и не е тешко да се разбере зошто токму овие три земји веќе подолго време се на врвот на оваа листа.

Како водечки светски сили, тие се соочуваат со значителна омраза на глобално ниво, најчесто поради нивните империјалистички тенденции и мешањето во економските, политичките и воените работи на помалите држави. Воедно, граѓаните на овие земји често имаат негативни ставови едни за други.

Земји како Саудиска Арабија и Северна Кореја редовно се наоѓаат на листата поради авторитарните режими и кршењето на човековите права, додека Израел, поради контроверзните воени операции, моментално се наоѓа на 5. место.

20 најомразени земји во светот за 2026 година

1. Кина

2. САД

3. Русија

4. Северна Кореја

5. Израел

6. Пакистан

7. Иран

8. Ирак

9. Сирија

10. Индија

11. Обединетото Кралство

12. Јапонија

13. Саудиска Арабија

14. Германија

15. Нигерија

16. Турција

17. Јужна Кореја

18. Авганистан

19. Филипини

20. Италија

Поврзани содржини