ГРУБИ ОСТАНУВА ВО ДОМАШЕН ПРИТВОР Истрагата за милионскиот скандал продолжува

Поранешниот вицепремиер Артан Груби не се изјаснил пред обвинител, додека институциите продолжуваат да собираат докази за наводни злоупотреби во Државна лотарија.

289

Поранешниот вицепремиер Артан Груби останува во домашен притвор, додека истрагата за случајот што го опфаќа и натаму трае, потврдија од Кривичен суд Скопје.

Според достапните информации, Груби бил изведен пред судот и поминал повеќечасовни процесни дејствија, но не се произнел за сомнежите што се предмет на истрагата пред јавен обвинител.






Во меѓувреме, надлежните институции продолжуваат со собирање докази за предметот, кој се однесува на сериозни сомневања за злоупотреби во Државна лотарија, при што штетата се проценува на повеќе милиони евра.

Груби, кој повеќе од една година беше недостапен за органите на прогонот, по враќањето во земјава беше приведен, по што постапките против него повторно беа активирани.

Случајот веќе предизвикува силни реакции во јавноста, особено поради одлуката за домашен притвор, имајќи предвид дека станува збор за поранешен висок државен функционер.

Истрагата сè уште не е завршена, а обвинителството најавува дека по нејзиното целосно расчистување ќе следуваат натамошни одлуки и можни обвиненија.

Поврзани содржини