ЌЕ СЕ ПРОГЛАСИ КРИЗНА СОСТОЈБА Дизелот ќе поскапи за 10 денари, а бензинот за 6 денари
Преку интервенција во даноците, Владата ќе спречи нов драстичен скок на цените на бензините.
Ќе се прогласи кризна состојба поради цените на бензините, дознава Плусинфо.
Владата реагира откако проценила дека по најновите скокови на светската нафтена берза, би требало да се зголеми цената на дизелот за нови 10 денари по литар, а на безоловниот за 6 денари.
Се очекува Владата да интервенира со намалување на данокот и со мерки против поскапување на струјата.
На денешната вонредна владина седница ќе се донесат мерки, по што премиерот Христијан Мицкоски ќе одржи прес конференција.