ЛЕКЦИЈАТА ВО СДСМ УШТЕ НЕ Е НАУЧЕНА Погубните политики од минатото ѝ отворија простор на Бугарија да блокира

Според Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ води политики на бомбаш-самоубиец кои не поминуваат кај граѓаните. Тој смета дека додека била на власт направила грешка со отворен пристап, давајќи ѝ простор на Бугарија да почне со блокади. Стоилковски истакнува дека барањата на Бугарија постојано се зголемуваат.

283

„Лекцијата во СДСМ и целиот систем на СДСМ како партија, како поддржувачи, како поранешни експерти, не е научена. Би требало да се застане да се види до каде е ситуацијата, да се направи едно единство во државата. Мислам дека СДСМ мора да ја научи таа лекција и да престане да биде бомбаш- самоубиец со вакви настапи како на Андреј Жерновски или на други, за евроинтеграциите да бараат да биде променет Уставот. СДСМ нема политика којашто ја креира, не поминува кај Македонците”.

Вака изјави Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ во „Вечерното шоу на Богдан Илиевски”. Зборувајќи за блокадите од страна на Бугарија на нашиот евроинтегративен пат Стоилковски објасни дека Македонија се наоѓа во ваква ситуација поради грешките направени од претходната власт.






– Грешка е направена од страна на претходната власт, којашто одеше отворено без размислување и покрај сите предупредувања дека не треба и дека ќе биде злоупотребено сето тоа и дека летвичката ќе се крева сè погоре и погоре.

Стоилковски претходно посочи дека приговорите и барањата од Бугарија се зголемуваат од времето кога Македонија влезе во НАТО.

–  Кога Македонија требаше да го смени Уставот, да го смени името за да влезе во НАТО и во Европска Унија, Софија немаше никаков проблем со ништо во рамки на добрососедството, кога влегуваше Македонија во НАТО немаше никаков проблем од страна на Бугарија, од тогаш наваму на три пати се појавува. Колку отворањето на Уставот сега понатаму ќе биде решение за тоа, и ќе се остава простор Софија во секои наредни предизборија да имаат нови и нови теми поврзани со национализмот.

Поврзани содржини