НАПАДИ ВРЗ СОПРУГИ, ДЕЦА И ВРЗ РОДИТЕЛИ Полицијата за еден ден уапси 6 лица за семејно насилство

Во едно деноноќие се регистрирани седум случаи на семејно насилство, при што 6 лица се приведени во повеќе градови низ државата. Инцидентите вклучуваат напади врз сопругa, дете и напад врз родители, а дел од нив се случиле под дејство на алкохол.

116

Во само едно деноноќие, полицијата регистрирала седум случаи на семејно насилство. Шест лица биле лишени од слобода по пријави за физички напади во семејството.

Случаите се регистрирани во Куманово, Струмица, Валандово, Скопје и во Виница.






Во Куманово, 44-годишен маж бил приведен откако ја нападнал сопругата. Сличен случај бил регистриран и во валандовско село, каде 29-годишник физички ја нападнал својата сопруга.

Во Струмица, 52-годишен маж исто така бил приведен по пријава за напад врз сопругата.

Во Скопје, ситуацијата ескалирала.

„Околу 19:30 часот во семејниот дом физички ги нападнал сопругата и малолетното дете“, се вели во пријавата.

Во друг случај, 27-годишник од скопско по расправија му го оштетил возилото на својот татко. Скршил ветробранско стакло и направил дополнителна штета.

Во посебен случај, 61-годишен маж пријавил дека бил нападнат од својот 26-годишен син.

Во Виница, 35-годишен маж бил приведен откако ја нападнал сопругата во дворот на домот. Алкотестот покажал 2,02 промили алкохол во крвта.

Сите случаи се во постапка. По нивно документирање ќе следуваат соодветни пријави.

 

Поврзани содржини