📷 УЧЕНИЦИ ОД „ПАРТЕНИЈА ЗОГРАФСКИ“ ВО ПОСЕТА НА БРАКО Се запознаа со роботско производство и индустриски технологии

Ученици од „Партенија Зографски“ имаа едукативна посета во БРАКО, каде одблиску се запознаа со современите индустриски технологии и процеси. За време на посетата тие го разгледаа процесот на производство на возилата за урбано чистење од брендот Green Machines, каде се произведуваат возила на водороден, електричен и касичен погон, како и секторот за тешки метални конструкции. Посебен интерес кај учениците предизвикаа монтирањето на возилата и роботизираните системи за заварување.

45

Ученици од државното средно стручно училиште „Партенија Зографски”, наменето за деца со посебни образовни потреби, беа во едукативна посета на производствените капацитети на БРАКО.

Станува збор за девет ученици од образовните профили машински техничар и бравар/заварувач, кои имаа можност одблиску да се запознаат со современите индустриски процеси и технологии што се применуваат во компанијата.






За време на посетата тие го разгледаа процесот на производство на возилата за урбано чистење од брендот Green Machines, каде се произведуваат возила на водороден, електричен и касичен погон, како и секторот за тешки метални конструкции. Посебен интерес кај учениците предизвикаа монтирањето на возилата и роботизираните системи за заварување.

Фото: Феро Инвест
Фото: Феро Инвест

Учениците покажаа голем интерес за техничките процеси, поставуваа прашања за функционирањето на возилата за чистење, за работата на дилерската мрежа, како и за начинот на кој роботите учествуваат во процесите на заварување.

Фото: Феро Инвест

Низ производните погони учениците ги водеа инженерите Благој Филџанов и Никола Богдановски, као и инженер Мирјана Ковачева Најдова, одговорна за безбедност и здравје при работа во БРАКО. Во придружба на учениците беа директорката на училиштето и двајца професори.

Државниот училишен центар „Партенија Зографски” од Скопје е средно стручно училиште кое обезбедува образование, рехабилитација и професионално оспособување на ученици со оштетен слух од целата држава.

 

Поврзани содржини