КУКАВИЦИ, ЌЕ ВИ ГО ЗАПОМНИМЕ ОВА! Трамп распали по НАТО, го нарече тигар од хартија
ега кога е извојувана воена победа, со многу мала опасност за нив, тие се жалат на високата цена на нафтата што мора да ја платат, но не сакаат да помогнат во отворањето на Ормускиот Теснец, објави американскиот претседател Доналд Трамп.
Без САД, НАТО е тигар од хартија, објави денеска американскиот претседател Доналд Трамп.
Во остра порака до Алијансата тој рече „кукавици, ќе го запомниме ова“.
„Тие не сакаа да ни се придружат во борбата да го сопреме нуклеарно моќниот Иран. Сега кога е извојувана воена победа, со многу мала опасност за нив, тие се жалат на високата цена на нафтата што мора да ја платат, но не сакаат да помогнат во отворањето на Ормускиот Теснец, едноставен воен маневар кој е единствената причина за високата цена на горивата.“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут соушл.
Толку лесно им е да го направат тоа, со толку мал ризик, додаде тој.
„Кукавици, и ние ќе го запомниме тоа!“, предупреди Трамп.
