ЕКСПЛОДИРА ЦЕНАТА НА ГАСОТ, ПОСКАПЕ ЗА 35% Нафтата скокна и до 119 долари за барел
Цените на гасот во Европа се зголемија вкупно за над 60% откако почна американско-израелската војна против Иран на 28 февруари.
Цената на нафтата денеска се зголеми на 114 долари за барел, варираше и на моменти беше и до 119 долари за барел, цената на гасот се зголеми и до 35 проценти, а европските индекси на берзите паднаа.
Цената на европскиот гас денеска скокнаа за 30 проценти, откако Иран вчера почна напади врз клучната енергетска инфраструктура низ Блискиот Исток, објави Си-Ен-Би-Си. Цената на суровата нафта се зголеми на 97 долари за барел, а цената на нафтата Брент се зголеми за 6,45% и изнесува 114 долари.
На отворањето на берзата во Амстердам TTF, европските фјучерси за гас за април беа продадени по цена од 69,5 евра за мегават-час, а во еден момент надминаа 70,8 евра.
Цените на гасот во Европа се зголемија вкупно за над 60% откако почна американско-израелската војна против Иран на 28 февруари, објави новинската агенција Ројтерс.
Иран вчера изврши ракетни напади врз катарскиот индустриски град Рас Лафан, комплекс во кој се наоѓа најголемата фабрика за извоз на течен природен гас, а Катар објави дека нападите предизвикале голема штета.
Абу Даби, исто така, синоќа ги прекина операциите во своите гасни објекти Хабшан, откако пресретнати ракети предизвикаа паѓање на остатоци.
И инфраструктурата за течен гас во Бахреин беше погодена од тешки ракетни напади.
Иранските напади уследија по американско-израелскиот напад на иранското гасно поле Јужен Парс, кое се смета за најголемо во светот. По овој напад Иранската гарда најави дека ќе ги нападне енергетските центри во Катар, Саудиска Арабија и во Обединетите Арапски Емирати.
Европските индекси се претежно во пад, а инвеститорите ги чекаат одлуките на Банката на Англија и на Европската централна банка за каматните стапки, со прогноза дека двете банки најверојатно ќе ги задржат каматните стапки на исто ниво поради големата неизвесност за глобалната економија, поради војната на Блискиот Исток.
На берзите порасна цената на пченицата, а се намали цената на златото.