24-ГОДИШНИК ПРОНАЈДЕН МРТОВ ВО СТАНОТ НА ДРУГАР Момче отишло на гости, легнало да одмори и не се разбудило

Млад скопјанец бил пронајден без свест во стан, а лекарите констатирале смрт – причините ќе ги утврди обдукцијата.

1,461

24-годишен скопјанец бил пронајден без свест во стан во Скопје, по што лекарите констатирале смрт, без видливи траги на насилство.

Според информациите, момчето во текот на денот било во посета кај свој пријател. Околу 10 часот пристигнал во станот, по што легнал да одмори. Неколку часа подоцна, кога неговиот другар се разбудил, го затекнал неподвижен и веднаш побарал помош.






На местото пристигнала екипа на Итна медицинска помош, која констатирала смрт.

Полицијата извршила увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција, која треба да ги утврди причините за смртта.

Поврзани содржини