📷 АТМОСФЕРА ПОЛНА СО ЕНЕРГИЈА И ПОСВЕТЕНОСТ КОН ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ Мицкоски од Самитот на ЕПП во Брисел

Со партиска делегација од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски вчера присуствуваше и на свеченоста по повод 50-годишнината од формирањето на ЕПП, а претходно се сретна со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

133

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на Самитот на Европската народна партија (ЕПП) во Брисел, каде што се дискутираа клучни прашања за иднината на Европа.

„Денеска имав чест да присуствувам на Самитот на ЕПП, каде што заедно со истакнати европски лидери и претставници разменивме идеи, искуства и визии за иднината на нашиот континент. Атмосферата беше исполнета со енергија, соработка и посветеност кон европските вредности“, објави Мицкоски на својот фејсбук-профил.

Тој нагласи дека Самитот претставува одлична можност за продлабочување на партнерствата и за зајакнување на улогата на Северна Македонија во европските процеси.

„Убеден сум дека ваквите средби придонесуваат за подобра иднина и посилна Европа за сите нас“, додаде Мицкоски.

Со партиска делегација од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски вчера присуствуваше и на свеченоста по повод 50-годишнината од формирањето на ЕПП, а претходно се сретна со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Поврзани содржини