ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ СО ДВЕ НОВИ ДЕСТИНАЦИИ Братислава достапна веднаш, Милано од 29 март

Новите линии од аеродромот „Св. Апостол Павле“ треба да донесат повеќе туристи во Охрид и да ја зајакнат локалната економија, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

243

Граѓаните од денеска можат да летаат директно од аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид до Братислава, додека веќе од 29 март се воведува уште една линија од охридскиот аеродром директно до Милано, информира вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Како што истакнува Николоски на Фејсбук, овие авиолинии значат нови туристи во Охрид и повеќе можности за зајакнување на економијата.






„Развојот на авиосообраќајот претставува еден од врвните приоритети на Владата и Министерството за транспорт. Преку конкретни политики и мерки, континуирано работиме на унапредување на цивилниот авиосообраќај, со што овозможивме значително проширување на мрежата на дестинации. Остануваме силно посветена на унапредување на авиосообраќајот заради развојот и поврзување на Македонија со големите центри“.

Поврзани содржини