„ГОЛЕМИТЕ ДИРЕКТОРИ“ ОД СДСМ УКРАДОА МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИ ОД ЕСМ, СЕГА ПАРТИЈАТА ГЛУМИ ЗАГРИЖЕНОСТ Лицемерие од гробарите на македонската енергетика
Кога од СДСМ денес глумат загриженост за сметките за струја, кои и покрај нивниот пустош останаа стабилни, должни се да одговорат зошто го оставија ЕСМ со загуби од 140 милиони евра и со долгови кон добавувачи од 80 милиони евра, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ манифестира еклатантно лицемерие и бесрамност кога си зема за право да ги коментира состојбите во енергетиката, особено кога се дрзнува да зборува за РЕК Битола и намаленото домашно производство, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Токму криминогеноста и незаситната алчност на нивните кадри ги оставија АД ЕСМ и РЕК Битола во катастрофална состојба. Со нивните криминални тендери во РЕК Битола си ги наполнија џебовите и станаа светски бизнисмени на релација Нов Зеланд-Дубаи, а домашните производствени капацитети ги оставија во пустош“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Има ли некој свесен во СДСМ да признае дека нивната деструктивна политика го доведе целиот енергетски систем до колапс, чувствува ли некој таму трошка вина за криминалните шеми, чија единствена цел беше лично богатење на „фамилијата“ прашува партијата.
„Кога СДСМ денес глуми загриженост за сметките за струја, кои и покрај нивниот пустош останаа стабилни, должни се да одговорат зошто го оставија ЕСМ со загуби од 140 милиони евра и долгови кон добавувачи од 80 милиони евра? Зошто го направија РЕК Битола зависен од скап увозен јаглен и зошто дозволија цената на произведената струја да достигне неверојатни 140 евра за мегават час? Да е лакрдијата поголема, додека системски го уништувале ЕСМ, во истиот период 2017-2024 година искраделе милијарди денари од ЕСМ, за што веќе се процесирани пријави за кривично гонење за 16 предмети само од РЕК Битола, а тој број секојдневно расте“, се додава во соопштението.
Веруваме дека надлежните институции ќе ги изведат пред лицето на правдата сите виновници кои го загрозија енергетскиот систем, вклучувајќи ги и нивните „големи директори“ Васко Ковачевски – Колбасо и Пеце Матевски – Хармоникашо, кои се директно одговорни за урнисувањето на комбинатот, додава ВМРО-ДПМНЕ.
„Оттука на СДСМ им порачуваме, лажните душегрижници нема да поминат неказнето за системското уништување на македонската енергетика. Впрочем, набавката на електрична енергија е токму последица на нивното катастрофално управување со домашниот електроенергетски систем. Тоа што СДСМ го уништи во периодот 2017-2024 година е невозможно да се санира за кратко време. Но, и покрај тоа што изминативе година и половина интензивно се работи на обнова и враќање на производните капацитети во нормална состојба и на целосна консолидација на ЕСМ, која СДСМ буквално ја претворија во загубар, по што и цената на електричната енергија за граѓаните остана стабилна“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.