СТАН ВО ЦЕНТАР КОЈ СЕ ПРЕТВОРИЛ ВО КОШМАР Србинка го пријавила газдата за физички напад

Државјанка на Србија пријавила дека сопственикот на станот ја нападнал и ја вознемирувал со пораки, по што случајот е пријавен во полиција.

1,525

33-годишна државјанка на Србија пријавила дека била физички нападната и вознемирувана во изнајмен стан во скопската населба Центар.

Според пријавата, инцидентот се случил по полноќ, кога сопственикот на станот наводно ја допирал по телото и ја нападнал, а претходно ѝ испраќал и вознемирувачки пораки.






Случајот бил пријавен во полиција во раните утрински часови, по што започнала постапка за негово расчистување. Надлежните институции преземаат мерки за утврдување на сите околности поврзани со настанот.

Од полицијата апелираат граѓаните веднаш да пријавуваат вакви инциденти, со цел навремена реакција и заштита на жртвите.

Поврзани содржини