ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ СЕ ПОТСЕТИ НA НЕГОВАТА МАЈКА Досега необјавена фотографија со покојната Дајана

Со емотивна објава на социјалните мрежи, принцот Вилијам се потсети на својата мајка, принцезата Дајана, по повод Денот на мајките кој во Велика Британија годинава се одбележа на 15 март

110

Принцот Вилијам ѝ оддаде почит на својата мајка, принцезата Дајана, по повод Денот на мајките во Велика Британија, кој оваа година се одбележува на 15 март.

Тој сподели фотографија од детството што никогаш порано не е видена на социјалните мрежи, потсетувајќи многумина на силната врска што ја имал со покојната принцеза.






Фотографијата, направена во 1984 година на цветно поле во Хајгроув, го прикажува двегодишниот Вилијам како ја држи за рака принцезата Дајана. Емотивната сцена од семејната архива ги прикажува мајката и синот во опуштен момент, а објавата предизвика бројни реакции и емоции кај следбениците.

Дијана ќе наполнеше 65 години оваа година, на 1 јули. Принцот од Велс имаше само 15 години кога неговата мајка трагично почина.

Заедно со фотографија од неговата приватна колекција, 43-годишниот Вилијам сподели кратка, но емотивна порака.

– Се сеќавам на мајка ми, денес и секој ден. Моите мисли се со сите што се сеќаваат на некој што го сакаат денес. Среќен Ден на мајките. В – напиша принцот.
Принцезата Дајана почина на 31 август 1997 година, во сообраќајна несреќа во тунелот Понт де л’Алма во Париз. Во автомобилот во тоа време биле и нејзиниот партнер Доди Ал-Фајед и возачот Анри Пол, кои исто така ги загубија животите. Единствениот преживеан бил телохранителот на Дајана, Тревор Рис-Џонс.

 

Поврзани содржини