ЗАГИНА 18-ГОДИШЕН МОТОЦИКЛИСТ Во сообраќајката учествувале и два автомобила

Телото на починатиот е дадено за обдукција. 

177

Осумнаесетгодишен мотоциклист загина во сообраќајна несреќа што се случи на улицата Адем Демачи во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата учествувале мотоцикл „пијаџо беверли“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Љ.(18), патничко возило „фиат“ управувано од 20-годишната Д.Т. и патничко возило „пежо 307“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(35), сите од Скопје.






Во несреќата која се случи вчера попладне, мотоциклистот починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Телото на починатиот е дадено за обдукција.

Поврзани содржини