📽️ АЈ НА ЗЕЛЕНО ПАЗАРЧЕ СО КЕСА ОД 1.700 ДОЛАРИ, ДА ТЕ ВИДАМ! Има таква, од Баленсиага

Додуша, не баш оваа... Ова е перформанс на кинеска актерка во Пекинг, објавен со цел да укаже на бесмисленоста на луксузирањето

214

Панорама Видео кое се шири на социјалните мрежи и тврди дека кинеска актерка на црвениот тепих во Пекинг носела „торба за отпадоци“ од модната куќа Баленсиага вредна околу 1.700 долари.






Снимката навистина постои, но предметот што актерката го носи не е луксузен моден аксесоар, туку обична пластична кеса. На видеото се гледа кинеската актерка Жанг Јингџи (Zhang Jingyi), која се појавува на црвениот тепих со жолта кеса во раката. Но, тоа сепак не е фамозната „trash bag“ торба на Balenciaga, чија цена на пазарот достигнува околу 1.700–1.800 долари.

Настанот се случил во 2025 година на Интернационалниот филмски фестивал во Пекинг. Актерката се појавила за да го промовира филмот „The One“.

Во приказната на филмот, жолтата кеса има симболично значење и служи како средство за комуникација меѓу нејзиниот лик и родителите со оштетен слух.

Конфузијата се појавила затоа што модната куќа Баленсиага навистина претстави модел на торба наречена „Trash Pouch“, направена од кожа, но дизајнирана да изгледа како кеса за ѓубре.

И така, некој паметен се сетил да ги спои двете нешта, за да го покрене вечното прашање – чуму сето ова?

Поврзани содржини