📽️ „ВАЛКАНИОТ“ ДОРТ ПОВТОРНО ГО УДРИ ЈОКИЌ Откако неодамна го сопна, сега го собори со тупаница во лицето

Неколку недели по претходниот инцидент, Лугенц Дорт повторно имаше груб контакт со Никола Јокиќ, а судиите досудија неспортски прекршок.

385

Тензиите меѓу српската НБА ѕвезда Никола Јокиќ и кошаркарот на Оклахома Сити Тандер Лугенц Дорт повторно се разгореа на нивниот нов меѓусебен дуел во НБА.

Само неколку недели по претходниот контроверзен натпревар, Дорт повторно имаше груб контакт со центарот на Денвер Нагетс. На минатиот меч тој му ја постави ногата на патот на Јокиќ при поставување блок, по што српскиот кошаркар падна на паркетот, а инцидентот тогаш прерасна во масовна расправија меѓу играчите.






Иако Дорт подоцна призна дека погрешил во таа ситуација, новиот дуел донесе уште еден спорен момент.

При една акција, кошаркарот на Оклахома се обиде да го заобиколи блокот на Јокиќ, но во обидот со раката го удри српскиот центар во лицето. Судиите веднаш реагираа и досудија неспортски прекршок.

 

За разлика од претходниот натпревар, овојпат немаше поголем конфликт меѓу играчите, но ситуацијата сепак влијаеше врз текот на мечот. По неспортскиот фаул, Денвер доби дополнителен посед на топката и успеа да се врати во игра во финишот на последната четвртина.

Сепак, победата на крајот им припадна на Оклахома, откако Шеј Гилџус-Александар погоди тројка во последните секунди од натпреварот.

📽️ ИСКРИ ЛЕТАА ОД ОЧИТЕ НА БЕСНИОТ ЈОКИЌ Србинот не можеше да се воздржи по грубата провокација на Дорт

Поврзани содржини