ЦЕНАТА НА НАФТАТА ПОЧНА ДА СЕ СТАБИЛИЗИРА Нафтата Брент се продава за 93 долари
Вчера цената нa нафтата достигна и до 119 долари по барел, а последен пат тоа се случи по руската инвазија на Украина.
Цената на нафтата утрово повторно порасна по вчерашниот пад предизвикан од изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека конфликтот на блискиот Исток е при крај.
Утрово на берзите нафтата од типот Брент се продава по цена од 92,7 долари за барел, додека барелот американска WTI суровата нафта се продава по цена од 88,6 долари.
На вчерашното затворање на берзата цената на WTI суровата нафта падна на 84,4 долар за барел, додека Brent суровата нафта се спушти на 98,5 долари за барел.
Вчера цената нa нафтата достигна и до 119 долари по барел, а последен пат тоа се случи по руската инвазија на Украина.
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа се закани дека ќе го удри Иран „многу посилно“ ако властите во Техеран одлучат да го блокираат снабдувањето со нафта во регионот.
– Нема да дозволам терористички режим да го држи светот како заложник и да се обиде да го спречи снабдувањето со нафта. Ако Иран направи нешто такво, ќе бидат погодени многу, многу посилно“, рече американскиот претседател на прес-конференција во Флорида. „Ако сакаат да ја играат таа игра, подобро да не го прават тоа – рече Трамп.