📽️ СПЕКТАКУЛАРНА ГЛЕТКА, МЕТЕОР НАД ГЕРМАНИЈА Проби покрив, дупката е како фудбалска топка!

Светла огнена топка била видлива над голем дел од западна Германија и предизвикала бројни повици до службите за итни случаи. Еден фрагмент од метеорот пробил покрив на куќа во Кобленц, но за среќа нема повредени.

555

Светла огнена топка која синоќа прелета над западна Германија заврши удирајќи во куќа во градот Кобленц. Еден фрагмент од метеорот го пробил покривот на објект во населбата Гилс и оставил дупка со големина на фудбалска топка.

Инцидентот се случил во неделата околу 19 часот. За среќа, никој не е повреден, соопштија локалните власти.






Огнената топка ги вознемири граѓаните

Полицијата во Кобленц потврди дека запален метеорит паднал врз објектот. На местото на настанот излегле пожарникари и полиција, но по проверките било утврдено дека нема дополнителна опасност.

<


Meteor over Germany – Mega Compilation (March 8)

/p>

Појавата на метеорот предизвикала голем број повици до службите за итни случаи. Граѓани од повеќе региони пријавиле силна светлина на небото и силен тресок.

Метеорот го видела половина Германија

Огнената појава била видлива во неколку германски покраини, меѓу кои Рајнска област-Пфалц, Северна Рајна-Вестфалија, Хесен, Сарланд, Баден-Виртемберг и Долна Саксонија.

Слични повици за необичниот небесен феномен пристигнале и од соседните земји. Сведоци од Белгија, Франција, Холандија и Швајцарија пријавиле дека виделе светла огнена топка како минува низ небото.

Поврзани содржини