ШТИПСКА „АКТИВА“ ГО ЗГОЛЕМИ ПРОИЗВОДНИОТ КАПАЦИТЕТ Мицкоски задоволен како компанијата ги потрошени парите од унгарскиот кредит
Премиерот вели дека Влада, ќе стори се што е потребно македонските компании да добијат услови коишто ќе им овозможат да се развиваат, а со тоа и да ја развиваат македонската економија.
Според премиерот, токму овие пари овозможиле компанијата да добие „нова физиономија“ и да инвестира во капацитети со голема додадена вредност за македонската економија.
-Задоволство е што како Влада учествувавме овој капацитет да се прошири. Сопствениците го искористија заемот за вложување во нови поразводни капацитети, а тие имаат голема додадена вредност во македонската економија и во локалната економија, овде во Штип – рече Мицкоски.

Тој рече дека Влада, ќе стори се што е потребно македонските компании да добијат услови коишто ќе им овозможат да се развиваат, а со тоа и да ја развиваат македонската економија.
-Тоа е наш приоритет, така се однесувавме до сега, така и ќе се однесуваме и од сега- рече Мицкоски.
Во компанијата работат 580 работници.