И БЛИСКОСТА СО БОРЧЕ МАРКОВСКИ Е ПОТВРДА НА РУСКИТЕ ВРСКИ НА СДСМ Заев и Филипче соработуваат со луѓе блиски до Путин и до Лукашенко

Покрај доделувањето на државјанството на рускиот олигарх и осуден криминалец, Онишченко, СДСМ, Заев и Филипче се поврзани и со Борче Марковски, кој е под истрага за сомнителни тендери во РЕК Битола, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков. 

333

Врските на Зоран Заев и Венко Филипче со руската политика на претседателот Владимир Путин се потврдува и со нивната блискост со почесниот конзул на Белорусија и близок соработник на белорускиот претседател Александар Лукашенко, Борче Марковски, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

– Покрај доделувањето на државјанството на рускиот олигарх и осуден криминалец, Онишченко, СДСМ, Заев и Филипче се поврзани и со Борче Марковски, кој е под истрага за сомнителни тендери во РЕК Битола. Фирмата на Борче Марковски, „Марковски компани“ е фирма која во периодот од 2019 до 2023 година има добиено најмногу државни тендери, односно вкупно 77 јавни набавки. Од овие 77, 66 биле со државното претпријатие ЕСМ во вредност од 141 милион евра или 93% од вкупната вредност на сите тендери – рече Лефков.






Не само Марковски што добивал тендери од ЕСМ во времето на Заев и Филипче, туку и фирмите подизведувачи кои соработувале со него, биле на кланот Заеви или пак на лица кои важат за блиски до нив, додаде тој.

– Очигледно е дека СДСМ, Заев и Филипче имале добри контакти за соработка со лица блиски до  Путин и до Лукашенко, како што се Марковски и Онишченко. Сличноста меѓу овие лица е тоа што за сите има основани сомненија дека се дел од различни коруптивни шеми. ВМРО-ДПМНЕ е заштитник на националните и стратешките интереси, и жестоко се спротивставува на руската политика промовирана од СДСМ на Заев и Филипче – рече Лефков.

Поврзани содржини