🎥 ГОРИ РУСКИ ТАНКЕР ВО БЛИЗИНА НА МАЛТА! Украинците го погодиле со поморски дрон

Москва тврди дека украинскиот поморски дрон што го нападнал танкерот бил лансиран од брегот на Либија. Тие го нарекоа инцидентот „чин на меѓународен тероризам и пиратство“.

341

Руското Министерство за транспорт денеска потврди дека украински поморски дрон нападна танкер за течен природен гас (LNG) под руско знаме во Средоземното Море.

Потврдата следуваше по претходните извештаи дека бродот се запалил во близина на Малта, објавува „Москва тајмс“ (The Moscow Times).






Според соопштението на Министерството, нападот се случил вчера во близина на малтешките територијални води, а целта бил танкерот за НЛГ – Arctic Metagaz.

„Танкерот превезувал товар од пристаништето Мурманск, а целата документација била во целосна согласност со меѓународните прописи“, се наведува во соопштението за медиумите.

Министерството тврди дека украинскиот поморски дрон што го нападнал танкерот бил лансиран од брегот на Либија. Тие го нарекоа инцидентот „чин на меѓународен тероризам и пиратство“.

Сите 30 члена на екипажот на танкерот биле спасени од малтешки и руски спасувачи, објави Министерството за транспорт.

Британските медиуми пренесуваат дека завчера вооружените сили на Малта добиле повик за помош од бродот Arctic Metagaz, што е под американски и британски санкции. Екипажот подоцна беше пронајден во чамец за спасување во либиската зона за пребарување и спасување.

Снимки, на кои се гледа како бродот гори во текот на ноќта, се појавија на социјалните мрежи, но нивната автентичност не можеше независно да се потврди. Досега нема коментари од Украина за овој инцидент.

Поврзани содржини