СДСМ УПОРНО ГИ КОРИСТИ ТРАГЕДИИТЕ ЗА ПОЛИТИЧКИ ПОЕНИ Ги злоупотребуваа и случаите со Нешковски, Тамара, Диво Насеље, Смилковско Езеро, а сега и трагедијата во Карпош
За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во врска со трагедијата која се случи во скопски Карпош, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДСМ, да потсетиме, дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Мартин Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско Езеро и многу други, се случаи кои за СДСМ пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДСМ со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на сè, како да имаат амнезија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДСМ да не ја користат за политички поени, се додава во соопштението.
„За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина, се додава во соопштението.
СДСМ соопшти дека трагедијата во скопската населба Карпош, каде трагично згаснаа два животи на мајка и дете, покажала сериози пропусти на институциите за заштита од семејно насилство и побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски